„Ве молам, не ме терајте да одговорам на изјавите на Мурињо. Нека ги праша лекарите од репрезентацијата на Англија или од Манчестер Сити. Тој се однесува како да е лекар“, се пошегува Гвардиола и истовремено го пофали лутиот ривал, велејќи дека Тотенхем под водство на Мурињо е еден од кандидатите за шампионската титула: Овој Тотенхем игра одлично и ако продолжи така мислам дека ќе биде сериозен кандидат за трофејот во Премиер лигата“.