ФУДБАЛ

Пеп за Халанд: „Луѓето очекуваат нереално, 4 гола на секој натпревар“

Главната ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд постигна два гола во победата од 3-1 над Јанг Бојс во Лигата на шампионите, со што стави крај на кратката серија на голови. Тоа се неговите први два гола во Лигата на шампионите оваа година.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека верува оти норвешкиот напаѓач излезе од падот во последните недели.

„Луѓето не сакаат Халанд да успее и очекуваат од него да постигнува четири гола на секој натпревар. И тоа не е реално“, изјави Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер Сити е убеден дека Халанд ќе продолжи да игра добро.

“Жал ми е, но тој ќе дава голови долго време. Ерлинг е неверојатна опасност и најважно е што создава шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер лигата, повеќе од играчите кои добиваат многу комплименти во моментов“, рече Гвардиола.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига