Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека го напуштил теренот во Лајпциг исклучително задоволен иако неговиот тим ја пропуштил шансата да победи.
Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Лајпциг и Манчестер Сити заврши нерешено 1:1. Гостите од Англија поведоа, имаа неколку можности да го зголемат водството, но Германците одиграа многу подобро во преостанатиот дел од мечот и стигнаа до израмнување.
Среќен сум за целиот натпревар, не само за првото полувреме“, истакна Пеп Гвардиола , а потоа ги праша новинарите:
“Што очекуваше? Овде ќе играме пријателски натпревар? Дали воопшто сте гледале натпревар со Лајпциг? Очекувате да дојдеме овде и да победиме со 5:0? Тоа не е реално. Секој натпревар во Лигата на шампионите е тежок, особено во оваа фаза од натпреварувањето. Ние сме добар тим и правиме многу, многу добри работи. И ќе продолжиме понатаму. Но, ако луѓето очекуваат да дојдеме овде и да победиме со 5-0 или 4-0, жал ми е што не можеме да го направиме тоа“.
По срамежливи 45 минути, Лајпциг драстично го подигна нивото на игра во вториот дел и сериозно му се закани на Сити.
„Направија чекор напред и повеќе притискаа, ни создадоа многу проблеми во тој период. Откако примивме гол, успеавме да се вратиме и да одиграме добро последните 15-20 минути. Имавме добри шанси во двете полувремиња и генерално имаме добар резултат пред реваншот во Манчестер“, изјави Пеп Гвардиола .
Реваншот е закажан за 14 март.
Let's hear @PepTeam's post-match verdict! 💬
⚪️ 1-1 ⚫️ #ManCity pic.twitter.com/zGW2lnRtNO
— Manchester City (@ManCity) February 22, 2023
