Пепе повторно е во центарот на вниманието кај љубителите на фудбалот, со својата акција по натпреварот во неделата кога тој одби да се поздрви со дечкото што собира топки на стадионот.
На дефанзивецот на Порто, Пепе му пристапи мало момче на крајот од мечот кој заврши 1:1 против Белененс.
Сепак, Пепе, кој е познат по некои контроверзни инциденти на зелениот терен, налутено му одговори на момчето и не се поздрави со него.
https://twitter.com/HugoGil07/status/1204165112791228416
Во минатото, Пепе заедно со Серхио Рамос беа тандем во одбраната на Реал Мадрид, што предизвика страв во Европа. Дуото ги лутеше противничките навивачи, особено Пепе кој подоцна го загуби своето место во составот заради Рафаел Варанес.
Пепе имаше освоено три титули во Ла Лига и три титули во Лигата на шампионите со Реал. За тоа време, тој беше критикуван дека не знае за „ферплеј“.