Пепе е решен да покаже дека годините се само бројка. Пепе беше најдобриот играч на финалето на последното ЕУРО 2016, а тековниот континентален турнир игра одлично.
Гледајќи ги натпреварите на Португалија, никој не би рекол дека Пепе има 38 години и четири месеци, никој не би рекол дека искусниот стопер е најстариот играч кој играл на ЕУРО.
„Учам многу од него“, рече Рубен Диас, партнер во одбраната на Пепе и најдобар играч во Англија минатата сезона.
“Пепе е Пепе. Кога работите тргнуваат на лошо, тогаш тој се лути. Тој се лути кога не победува, го научивме тоа. Тој секогаш игра со ист интензитет. Тој беше таков во Порто, беше таков и во Реал, и тој продолжува да работи така. .. “
Ова е осмо големо натпреварување на Пепе на кое учествува. Зад себе има три Европски шампионати, три Светски првенства и Купот на конфедерациите во 2017 година.
На ремито против Германија стигна до нов подвиг. Тој се изедначи со Бастијан Швајнштајгер по бројот на одиграни натпревари на Европските шампионати, и сега е на 18. Пред него е само Кристијано Роналдо со 24 натпревари.
“Го сакам тоа што го работам – играм фудбал. Имам привилегија да го работам тоа. Секој ден станувам со големо задоволство”, изјави поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид.
Со 118 натпревари, тој е четврти играч по бројот на настапи за Португалија, од неговиот прв настап против Финска во 2007 година, многу работи се променија.
Додека играше за Лос Бланкос во 2009 година, тој имаше сериозна повреда на коленото кога ги скина вкрстените лигаменти, во меѓувреме најде рецепт за да избегне повреди, минатата сезона забележа 40 настапи во сите натпреварувања.
“Мојата тајна? Имам пријател кој ми носи мед од Бразил и со тој мед сум имун на многу работи. Тоа е тајната на мојата долговечност”, откри централниот дефанзивец на Порто.
„Неговата структура е многу чиста и тоа му овозможува да се развива многу високо и добро да издржи на повредите“, објасни Домингос Гомеш, поранешниот шеф на медицинскиот тим во Порто.