Порто во неделата потврди дека го продолжи договорот со Пепе на уште една сезона.
Легендарниот португалски фудбалер ќе има 41 година кога ќе му истече актуелниот договор со Порто.
Пепе ја започна својата сениорска кариера во 2001 година играјќи за Б тимот на Маритимо, една сезона подоцна се пресели во првиот тим.
Првиот мандат во Порто му беше од 2004 до 2007 година, по што се пресели во Реал Мадрид каде остана десет години.
Пепе го носеше дресот на Бешикташ две сезони пред да се врати во Порто во 2019 година.
Пепе за португалската репрезентација одигра 133 натпревари.
LIVE: FC Porto https://t.co/cAHvdosGpP
— FC Porto (@FCPorto) April 23, 2023
