ФУДБАЛ

Пепе Реина пристигна во Рим на медицински прегледи

Пепе Реина, кој сè уште е официјално играч на Милан, наскоро ќе потпише за новиот клуб.

Имено, договорен е трансферот на искусниот Шпанец во Лацио, а тој пристигна во Рим утрово на лекарски прегледи.

По прегледите Реина ќе потпише двегодишен договор со Лацио.

Бидејќи екипата на Лацио веќе ги започна претсезонските подготовки, Реина ќе им се придружи на своите нови соиграчи веднаш по потпишувањето на договорот.