ФУДБАЛ

Перез е страв и трепет за сите играчи на Реал, освен за двајца

Флорентино Перез е еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот.

 

Перез долги години е претседател на Реал и може да се каже дека со многу успеси го води најголемиот светски клуб.

 

За 75-годишниот бизнисмен минатата сезона беше повеќе од успешна бидејќи беа освоени Ла Лига и Лигата на шампионите, додека истиот ритам продолжи и оваа сезона со освојување на Суперкупот на Европа.

Со оглед на неговата позиција и авторитет во Реал, сите мора да го почитуваат, додека самиот Перез се труди што повеќе да биде со тимот.

 

Минатиот викенд Краљеви на гостински терен ја победи Селта со 1:4, а на тоа гостување отпатува и Перез.

 

Пред натпреварот беше создадено интересно видео кое најдобро го покажува односот на Перез со играчите, од кои двајца имаат привилегиран случај.

Додека сите играчи срдечно го поздравуваат својот претседател и го гледаат со голема почит, двајца се исклучок.

 

Имено, Перез на идентичен начин ги поздрави сите играчи, додека кратко ги прегрна само Карим Бензема и Лука Модриќ.

 

Французинот и Хрватот го поздравија Перез тотално опуштено, како најдобар пријател, а не како нивниот шеф. Погледнете го видеото овде.

 

Инаку, освен Бензема и Модриќ, Перез прегрна само уште една личност. Тоа е тренерот Карло Анчелоти.

ПОВРЗАНО

Ла Лига