Карим Бензема (34) за прв пат во кариерата е прогласен за најдобар светски фудбалер.
Напаѓачот на Реал Мадрид сосема заслужено ја доби титулата најдобар за минатата сезона во која играше прекрасен фудбал во кој го предводеше својот тим до титулата европски и шпански првак.
Бензема без сомнение е легенда на кралскиот клуб. Во овој клуб е од 2009 година и има намера таму да ја заврши кариерата.
Флорентино Перез има најголема заслуга за тоа што Карим во 2009 година заврши во дресот на Реал Мадрид. Претседателот лично отиде во Лион да разговара со францускиот напаѓач и да го донесе во клубот.
„Бев излезен со моите пријатели и агентот ми вика веднаш да се вратам дома. Немав намера да го направам тоа и реков дека немам време за состаноци. Потоа тој рече: „Мораш веднаш да дојдеш, Флорентино е тука. Ја отворив вратата, го видов и не реков ништо друго освен „Здраво““, изјави Бензема.
Претседателот на Реал Мадрид секогаш имал начин со зборови. Тој го убеди Бензема дека ќе стане најдобар во светот доколку потпише за гигантите од Мадрид.
„Тој ми рече дека ќе станам најдобар на светот и дека тоа можам да го постигнам во Реал Мадрид. Сонував за тој клуб од својата 15-та година. Флорентино зборуваше со мене за тимот и проектот што сака да го создаде и се изгледаше многу возбудливо“, открива Бензема.
Флорентино Перез секогаш знаел да ги комплетира трансферите на вистински начин. Речиси секогаш ги добиваше играчите кои ги посакуваше во својот тим, а се започна во 2000 година кога успеа да и го украде Луис Фиго од Барселона.
Потоа тој лично отиде во Лисабон за да го убеди Фиго да дојде во Реал. Никој не можеше ни да сонува дека ќе успее, а на крајот беше комплетиран најголемиот трансфер на сите времиња.
Многу полесно го донесе Бензема во Реал и дозна што се случува.
“Беше многу лесно да го доведам. Многу, многу лесно. Многу сакаше да дојде во Реал. Кога дојдов кај него дома, не ми понуди ниту Кока Кола”, низ насмевка изјави Перез.
Под водство на Перез, дресот на Реал го носеа најдобрите светски фудбалери, меѓу кои и некои кои важат за едни од најдобрите на сите времиња.
Меѓу нив ќе биде и името на Карим Бензема. Одличниот Французин во претходните 13 години одигра 615 натпревари и постигна 328 гола и освои апсолутно се што можеше.