Се погласни се шпекулациите дека Зинедин Зидан ја има последната сезона како тренер на Реал Мадрид. Шпанска „Марка“ објави дека првиот човек на клубот Флорентино Перез веќе ја пронашол замената. Наводно наследникот на Зидан е легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбак Раул Гонзалес.
Во моментов Раул е тренер на Реал Кастилја, односно вториот тим на „Кралевите“ и забележува добри резултати.

Овој тим во моментов се натпреварува во Секунда Б, трета по ранг лига во Шпанија, игра плеј оф и со големи шанси да се пласира во Ла Лига Б, односно втората шпанска Лига, по пауза од цели девет години.
Раул за Реал Мадрид играше од 1994 до 2010-та, одигра над 550 мечеви и постигна 228 голови.