Барселона на крајот од јануарискиот рок реши да испрати двајца играчи на позајмица.
Пред неколку дена, Карлес Перез беше официјално претставен како нов играч на Рим каде ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор во текот на летото.
Екипата на Барселона ја напуштена и напаѓачот Абел Руиз кој исто така замина на позајмица. Барса реши да го испрати овој 20-годишен напаѓач на позајмица во Брага.
Откако ова беше официјално потврдено, само еден соиграч на Барселона им посака среќа во новите клубови, а тоа е Марк-Андре тер Штеген, кој го привлече вниманието на шпанските медиуми.
„Многу среќа во новите клубови Карлес Парез и Абел Руиз. Уживајте во новите предизвици и се надевам дека ќе се видиме наскоро“, рече Тер Штеген преку Твитер.