Поранешниот фудбалер на Барселона, Карлес Перез, изјави дека каталонскиот клуб нема трпеливост кон новите играчи, додавајќи дека не разбира зошто бил продаден во Рома за време на јануарскиот преоден рок, откако ги поминал првите години од својата кариера во Камп Ноу.
Карлез Перез пристигна од академијата во „Ла Масија“ како потенцијал, пред да го направи своето деби за првиот тим на Барселона во својата прва година. Сепак, тој се соочи со многу тешкотии во обидот да најде место во составот на Барселона.
Шпанецот успеа да оствари само 27 настапи за каталонскиот клуб, вклучително и седум во првиот дел од сезоната 2019/20, но клубот реши да го продаде за време на јануарскиот преоден рок.
Рома првично го зеде Перез на позајмица, но со опција да го купи за 11 милиони евра во јуни.
„Размислувам само како да успеам во Рома. Имам уште четири години на мојот договор и фокусиран сум на тоа. Не го разбирам моето заминување, но ја почитувам одлуката и му благодарам на клубот за третманот што ми го даде во текот на годините таму“, рече Перез.
„Луѓето зборуваат за академија, но понекогаш претпочитаат да трошат милиони и немаат трпеливост со младите играчи. Така е. Луѓето треба да го заборават моето минато таму“.