ФУДБАЛ

Перез потпиша нов договор со Барселона

Барселона и фудбалерот Карлес Перез постигнаа договор за продолжување на договорот на играчот за уште две сезони, до 30 јуни 2022 година.

Договорот на Карлес Перез беше обновен во понеделникот во канцелариите на клубот, во присуство на некои функционери на клубот и претставници на играчот, но каталонскиот клуб веста ја објави денес.

Перез го направи своето деби со првиот тим на Барселона во последното коло на Ла Лига минатата сезона, против Еибар.

Тој влезе во игра во 73-та минута од натпреварот, заменувајќи го Малком, за да стане осми играч што го направи своето деби за академијата таа сезона.

Оттогаш, настапите на Перез за првиот тим на Барселона растат. Оваа сезона 21-годишниот репрезентативец играше во шест натпревари во Ла Лига, како и постигнувајќи го својот прв гол, во победата од 5:2 над Реал Бетис на „Камп Ноу“.

Поради повредите на Лионел Меси, Луис Суарез и Оусман Дембеле, Перез беше задолжен и за натпреварите против Осасуна, Валенсија и Гранада.

ПОВРЗАНО

Ла Лига