Златната топка за тековната година му припадна на Карим Бензема.
Многумина ќе се сложат дека одлуката беше сосема заслужена, бидејќи Французинот имаше одлична година зад себе.
На церемонијата присуствуваа многу познати личности од светот на фудбалот, а некои ја искористија приликата да зборуваат за своите планови за наредниот период.
Ваква интересна изјава даде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а секако неизбежно беше прашањето дали Килијан Мбапе во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид?
„Уживаме во признанието што го доби Бензема, тоа е уште една потврда за тоа колку е голем и сериозен нашиот клуб“, рече Пез, а потоа се осврна на Мбапе.
„Не верувам ни да читам за тие гласини, а камоли да размислувам за трансфер. Имаме одлична иднина со Винисиус и Родриго и верувајте ми, тие се идни освојувачи на Златната топка“, изјави Перез.
Многу се зборуваше за трансферот на Мбапе, па дури и на Халанд во Реал Мадрид, но се чини дека првиот човек на Кралевите ги сврте табелите.
Некои шпански медиуми шпекулираат дека Перез го прегледеува теренот за нов играч за врска кој во блиска иднина би можел да го замени неверојатниот Лука Модриќ.
Што се однесува до Мбапе, тој е се понезадоволен во ПСЖ, а бидејќи Реал се „олади“ од целата приказна, францускиот напаѓач би можел да комплетира неочекуван трансфер. Се разбира, сите овие се шпекулации, но каде што има чад има и оган.
За крај да додадеме дека на Реал Мадрид и оваа сезона му оди одлично. Моментално се лидери во Примера со 25 бода, три бода повеќе од Барселона, која викендов ја совладаа во Ел Класико со резултат 3:1.