ФУДБАЛ

Перез се пожали на дискриминацијата на Реал, па го доби одговорот: Имате далечни и ‘објективни’ коментатори

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се пожали дека неговиот клуб бил дискриминиран од продуцентите и коментаторите за време на преносот на натпреварите.
Перез смета дека одредени работи не се прикажуваат затоа што станува збор за Реал Мадрид, а се пожали и на објективноста на коментаторите.

“За време на ТВ-преносите, тие често не прикажуваат повторени снимки од многу важни моменти. Отсекогаш сум велел дека продуцентите се однесуваат поинаку во споредба со другите тимови”, рече Перез и додаде:

“Секој може да ја види разликата, не само во тие удари, туку и во луѓето што ја коментираат играта, кои никогаш не се на страната на Реал Мадрид. Никогаш не сум се мешал во тоа, но тоа е вистина. Тие се однесуваат кон Реал поинаку од другите тимови во лигата”. смета Перез.

Не требаше долго за одговорот да стигне до претседателот на Реал. Одговори првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

“Што се однесува до она што тој го зборува за преносите. Ако мисли дека нема објективност, тој има опција на далечинскиот управувач да го следи коментарот на луѓето од клупската телевизија. Тие секако се” пообјективни “, рече Тебас.

ПОВРЗАНО

Ла Лига