Фудбалерите на Јувентус во неделата ја совладаа Џенова на гости со 3:1, а Кристијано Роналдо повторно постигна два гола од белата точка.
Исто како против Барселона неколку дена порано, Роналдо двапати беше сигурен од белата точка, а Јувентус на крајот ја победи Џенова со 3-1.
Сепак, натпреварот беше обележан со вербална пресметка на домашниот голман Матија Перин и Роналдо при вториот пенал. Потоа Перин извика „Дали повторно ќе шутираш во средина?“ и се обиде да го испровоцира Роналдо.
Сепак, италијанските медиуми објавија ново видео од кое се гледа дека Португалецот не остана должен на својот поранешен соиграч.
Кога го славеше голот, Роналдо само повтори „Каде беше Перин?“ што може јасно да се види и слушне на видеото.
Mics picked up Ronaldo absolutely destroying Perin 😂 pic.twitter.com/vaRaL8jwN8
— Vecchia Signora Blog (@VeSiBlog) December 14, 2020