РАКОМЕТ

Пешевски останува во Германија, го продолжи договорот со Штутгарт

Жарко Пешевски најмалку уште една сезона ќе остане во германскиот тим Штутгарт. Како што потврди овој тим, договорот е продолжен за уште една сезона, и сега соработката важи до 2022 година.

Во ист ден четворица ги продолжија договорите, меѓу кои и нашиот репрезентативец.