Антони Марсијал би можел да си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, а практично во последните неколку години секој преоден рок се зборува за негово заминување бидејќи освен оние воведни натпревари во Манчестер Јунајтед и сезоната 19-20, тој не покажа дека е добра набавка за клубот, иако таму е веќе осум години.
Со доаѓањето на Хојлунд тој практично паѓа во втор план, а минатата сезона докажа дека секогаш кога добивал шанса не ја искористил.
И тој има големи проблеми со состојбата, а дали некој го сака така?
Интер, Вест Хем и секако Фенербахче се тимовите кои наводно се подготвени да го доведат Марсијал во своите редови.
Со заминувањето на Марсијал, Тен Хаг би останал со Хјолунд како единствен напаѓач кој е класичен, но јасно е дека и Рашфорд може одлично да игра на таа позиција.
Неговите цели се да донесе резервен голман, дефанзивец и играч од средниот ред, во моментов не е заинтересиран за доаѓање на нов напаѓач, барем додека не се реши прашањето за Марсијал.
Кој друг би можел да го напушти Јунајтед?
Тен Хаг не ги сака Баи, Хендерсон, Ван Де Бик и Брендон Вилијамс, секој од нив ќе си замине од „Олд Трафорд“ поради добра понуда, а во вториот случај сезонава ќе ги гледаме најмногу на клупата…
