ФУДБАЛ

Пет години го чекаше денот кога за се ќе им се одмазди на Каталонците: „Вакво нешто не сум доживеал“

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, доживеа сладок вкус на одмазда на Камп Ноу по победата во Лигата на Европа (3-2) против Барселона.

Германскиот голман не сака да се сеќава на Камп Ноу, бидејќи на тој стадион прими шест гола како голман на ПСЖ на тој фамозен реванш од Лигата на шампионите. Тоа беше пред пет години, кога ПСЖ остана неверојатно без пласман иако имаше 4:0 на првиот натпревар, но сега стадионот на Барселона се радуваше на Трап, кој со Ајнтрахт стигна до полуфиналето на Лига Европа.

„Немам зборови да кажам како се чувствувам, како се чувствуваме како тим. Го реализиравме нашиот план до перфекција. Се чувствувавме како во Франкфурт, беше неверојатно, прекрасно се чувствуваме. Така по натпреварот останавме на теренот, да се дружиме со навивачите, кои се потрудија да бидат со нас“, рече Трап, кој не можеше да си поверува кога виде 30.000 навивачи на Ајнтрахт на трибините.

“Голема гордост, многу радост. Нивната поддршка беше неверојатна, секаде се гледаше само бело. Беше многу возбудливо. Играм со години и речиси никогаш не сум доживеал вакво нешто. И пред да ме прашате, ДА! она што го доживеав овде во 2017 година сега е заборавено“, изјави Трап на новинарите.

Во претпоследниот чин од Лигата на Европа, Ајнтрахт за противник ќе го има Вест Хем Јунајтед, кој во реваншот го победи Олимпик Лион со 3-0, по 1-1 во Франција пред седум дена.

ПОВРЗАНО

Лига Европа