КОШАРКА

Пет од пет за МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

По поразот од Работнички во големото дерби пред два дена, МЗТ Скопје славеше против екипата на Динамик со 84:74, во рамки на осмото коло од Регионалната АБА 2 лига.
Ова е петта победа за тимот од Аеродром на домашен терен во ова натпреварување, а шеста по осум одиграни кола и се наоѓа на второто место на првенствената табела.

Најефикасен кај „металците“ беше Иванов со 24 поени, додека кај гостите Чакаревиќ постигна 18 коша.

По ова АБА коло, МЗТ гостува во Гевгелија, во првенствен меч против домаќинот Кожув.

ПОВРЗАНО

РаботничкиМЗТ