ФУДБАЛ

Пет sвезди на Реал Мадрид ги нема на списокот на играчи на Анчелоти за Интер

Реал Мадрид во среда ќе го пречека Интер на стадионот „Џузепе Меца“ на почетокот на Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти, тренерот на Реал, го објави списокот на играчи на кои смета за судирот на Меаца, а меѓу патниците за Милан недостасуваат пет играчи.

Тоа се Герет Бејл, Тони Крос, Дани Себалос, Марсело и Ферланд Менди.

Според извештаите на шпанските медиуми, Бејл се здоби со повреда на тетивата што ќе го оддалечи од терените неколку недели. Велшанецот денеска тренираше одделно заедно со Крос, Себалос, Марсело и Менди. Ниту еден од нив не е достапен за натпреварот против Интер во среда.

Што се однесува до Интер, фудбалерот од средниот ред Стефано Сенси отпадна и се повреди во дуелот со Сампдорија во неделата попладне. Алесандро Бастони не е доволно подготвен, тренираше одделно, но е многу веројатно да игра во среда.

Интер се надева дека ќе се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи минатата сезона беше елиминиран во групната фаза.