ФУДБАЛ

„Петарда“ на Олимпико, Лацио славеше убедлива победа над Сампдорија

Во 20. коло од Серија А, Лацио на домашен терен усепа да слави висока победа над Сампдорија.

Домаќините го оправдаа статусот на фаворити, со тоа што победија со 5-1.

Уште во првото полувреме, кое заврши 3-0, се виде дека Сампдорија нема никакви шанси на овој натпревар.

Каиседо во 7. минута го отвори резилтатот, а Имобиле го потона бродот на Сампдорија со два брзи гола, 17. минута од пенал и 20. минута за убедливи 3-0.

На почетокот на второто полувреме во 49. минута влезе Бастос во игра,а  во 54. минута постигна гол за водство од 4-0.

Последниот гол за домаќините го постигна Имобиле во 65. минута, благодарение на тој гол Имобиле запиша хет-трик на натпреварот.

Единиствениот гол за гостинската екипа го постигна Линети во 70. минута, од 73. минута готите играа со играч помалку поради црвениот картон на Чабот.

Лацио со оваа победа запиша 3 бода и се наоѓа на еден бод зад Интер, кој е второпласиран со 46 бода.

Сампдорија е на 16. позиција со 19 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А