Петмина фудбалери се наоѓаат на излезната врата од Ливерпул.
Прв меѓу оние што го напуштаат „Енфилд“ ќе биде холандскиот играч за врска Георгинио Вијналдум, кој не успеа да ги договори условите за новиот договор со „црвените“
Се споменува дека Вијналдум би можел да ја засили Барселона како слободен агент, а покрај него уште четири се на излезната врата.
Мирор тврди дека на списокот за заминување се и Алекс Окслејд-Чембрлен, Џердан Шаќири, Дивок Ориги и Матип.
Продажбата на овие фудбалери ќе го олесни клубот затоа што сите имаат прилично високи плати, а целта е малку да се намалат распределбите на платите.
Ќе видиме дали сите петмина на крајот ќе го напуштат Ливерпул, но има шанси да има некои промени во тимот на „Енфилд“.