Илче Петровски, кој од Пелистер се пресели во редовите на Јединство, вчера го забележа својот прв официјален настап во дресот на Јединство.
Петровски меѓу стативите се најде од првата минува, а со победата над Босна (1:о) и со тоа што ја сочува мрежата недопрена, дебито во дресот на Јединство беше повеќе од успешно.
„Ах, како да не бидам задоволен. Одлично е дека сезоната ја отворивме со победа, затоа што на отворањето никогаш не е лесно, но на крајот најважно е тоа што ја остваривме целта. Босна се покажа како добар тим, се обидоа да го загрозат нашиот гол од корнери, меѓутоа ние одигравме паметно и тактички и на крајот заслужено славевме“, кажува Петровски.
Признава дека во Бихаќ му е одлично.
„Бихаќ е преубав град, навистина ми е многу убаво. Играчите добро ме прифатиа, баш како и стручниот штаб и луѓето кои го водат клубот. Мислам дека и тие се задоволни од мене“.