Челси го совлада Ватфорд со 2:1 во 11. коло од Премиер лигата.
Тимот на Френк Лампард игра навистина добро и тие го регистрираа својот петти последователен триумф во Премиер лигата против Ватфорд.
Веќе во петтата минута гостите поведоа. Тами Абрахам постигна брилијантен за водство од 0-1.
Тој имаше уште неколку шанси за Челси да го зголеми водството, но на голот на Ватфорд, беше брилијантен голманот Фостер, кој одбрани неколку одлични шутеви.
Второто полувреме започна со водство од 0-1 за екипата на Челзи, по десет минути игра, гостите го дуплираа водството. Кристијан Пулишиќ го донесе Челзи на водство од 0-2.
Ватфорд се врати во игра во 79-та минута. Досуден беше пенал кој го претвори Делофе во гол за 1:2.
До крајот на мечот неуспешни беа обидите на домашната екипа да дојдат до изедначување. Резултатот остана 1:2 и Челзи ја запиша својата петта победа во првенството.
Ватфорд, од друга страна, е убедливо последен на табелата со само пет бода.