ФУДБАЛ

Пиев по 70 пива на ден, скокнав и од балнот – Исповед на поранешна ѕвезда на Интер кој имаше „бомба“ во ногата (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Интер, Фреди Гуарин, откри како во текот на кариерата се „заглавил“ во пеколот на алкохолот до тој степен што понекогаш пиел и до 70 пива навечер, а еднаш дури и скокнал од балкон.

Денеска 38-годишниот Гуарин објави крај на фудбалската кариера во летото 2021 година. Тој играше за Интер од 2012 до 2016 година, каде одигра 141 натпреварувачки натпревар и постигна 22 гола и 38 асистенции. Во тој период почнал да паѓа во замката на зависност од алкохол, што го признал во интервју за телевизијата Каракол.

„Почнав да го градам моето име во Италија, но потоа почнаа различни проблеми надвор од теренот. Отпрвин добро се справував со тоа, се опијанував два дена пред натпреварот, потоа играв, постигнував гол или два и тимот ќе победи, мислам дека сето тоа започна поради недоволно разбирање, јас веќе имав семејство и знаев дека тоа што го правам е погрешно во постигнувањето на какви било цели, фудбалски и лични, затоа што чувствував дека немам граници толку „заглавен“ во алкохолот што клубот му кажа на мојот агент дека морам веднаш да заминам“, изјави Гуарин.

Тој беше блиску до преселба во Јувентус, а кога договорот пропадна, тој потпиша за Шангај Шенхуа во јануари 2016 година. Сепак, по тој трансфер, а потоа и неговото враќање во Јужна Америка каде играше за Васко де Гама и Милионариос, ситуацијата на теренот не се подобри.

„Од првиот ден во Кина станав вистински алкохоличар. Одев на тренинг, а веднаш потоа пиев. Малку одморав, тренирав, па повторно пиев. Секој ден беше така. Почнав да се опоравам во Бразил, се чувствував како најсреќниот човек на светот во период од шест месеци, а потоа дојде пандемијата“, откри Колумбиецот.

Со оглед на фактот дека немаше тренинзи или игри, Гуарин уште повеќе се оддаде на алкохолот, кој за малку ќе го убиеше.

“Пиев по 50, 60, 70 пива ноќе. Целосно изгубив контрола. Талкав по фавелите, барајќи опасност и адреналин. Бев пијан десет дена по ред, ќе се разбудев со алкохол до мене. Живеев на 17-ти кат од една зграда и бев толку одвоен од реалноста што скокнав од балконот, не знаев што правам, се надевам дека оваа приказна ќе допре до многу делови од светот и ќе спаси животи, вели Гуарин.