Барселона синоќа го совлада Вилјареал на гости со убедливи 4:1 во 34. коло од Ла Лига.
Со оваа победа Барселона е на четири бода зад првопласираниот тим, а во последните четири кола очекуваат чудо за да можат да го заземат првото место на табелата во одбрана на титулата во Шпанија.
Реал го одигра својот меч малку порано и славеше во Билбао со 1:0, а повторно имаше многу полемики за ВАР. Многумина веруваат дека судијата не досудил чист пенал за Билбао, и воопшто не добил никакви упатства од просторијата на ВАР.
Очигледно е дека се многу лути во Барселона заради тоа, а Жерард Пике го покажа тоа најдобро синоќа. Имено, во 71. минута, беше поништен голот наЛионел Меси поради офсајд, откако ВАР покажа дека Артуро Видал е во недозволена позиција.
Додека играчите ја чекаа одлуката, Пике се сврте кон судијата и рече дека очигледно чекаат некои упатства во просторијата ВАР. По натпреварот, новинарите го прашаа Пике за тој гест, но тој ги збуни со одговорот.
„Не се сеќавам. Во текот на натпреварот правите многу работи поради адреналинот. Јас навистина не знам за што зборувате“, рече дефанзивецот на Барселона.