Колумбиската пејачка Шакира, заедно со нејзиниот партнер Џерард Пике, сакаат да купат уште еден клуб.
Според „Blick.ch“, Шакира и Пике планираат да го купат швајцарскиот прволигаш Лугано, кој сегашниот претседател Анџело Рензети сака да го продаде.
Тој веќе преговараше за продажба на клубот, но договорот не успеа со рускиот бизнисмен Леонид Нооселски, исто како оној со групата шкотски инвеститори од САД.
Пике често инвестира во нови проекти и исто така поседува мал клуб во Андора и поседува компанија за видео игри, инвестициски фонд,бредн за очила за сонце, спортски пијалоци, итн …
Сè уште нема информации за тоа колку Шакира и Пике се спремни да му платат на Рензети за сопственоста на седмопласираниот тим во Швајцарската Супер лига.