ФУДБАЛ

Пиоли ги одбра играчите на кои ќе смета утре во судирот против Јувентус

Сезоната во Италија и официјално продолжува утре по тримесечна пауза.

Италијанците решија да ја продолжат сезоната со реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. После тримесечна пауза, први играчи на теренот ќе бидат играчите на Јувентус и Милан, кои ќе играат утре со почеток во 21 часот.

Натпреварот во Торино ќе се игра пред празни трибини, а Јувентус има предност од гол на гостински терен затоа што во првиот меч што се одигра пред три месеци на „Сан Сиро“, резултатот беше 1:1.

Милан на официјалната веб-страница објави дека тренерот Стефано Пиоли избра 23 играчи на кои ќе смета за утрешниот натпревар.