Одличните резултати, но и играта му овозможи на Стефан Пиоли да потпише нов договор со Милан, а тој ќе седне на клупата на „росонерите“ во наредните две сезони, под услов да има задоволителни резултати.
Един Џеко се споменува како можно засилување на Милан во последните неколку дена. На „Сан Сиро“ бараат квалитетен напаѓач заради евентуалното заминување на Златан Ибрахимовиќ.
Сепак, со престојот на Пиоли се промени ситуацијата во соблекувалната на овој европски клуб, така што сега престојот на Ибра е многу сигурен, а во следниот период ќе се одржи средба со Мино Рајол.
По ремито со Аталанта (1:1), се чини дека Пиоли ги отстрани сите дилеми за кој напаѓач сакаат да го имаат следната сезона. Тој го пофали Ибрахимовиќ, велејќи дека тие имаат одлична врска и рече дека сè уште го сака во тимот.
„Кој не сака напаѓач од 25 голови како него? Резултатите се заслуга на сите, секако започнувајќи со Ибра. Неговиот пристап беше важен за напредокот на сите помлади играчи. Јас имам одлична врска со него“, рече Пиоли.
Патем, доаѓањето на Џеко во Милано секако изгледа нереално заради неколку фактори. Јувентус и Интер исто така го сакаат во своите редови, а двете опции изгледаат попривлечни.