Во големото дерби од осминафиналето во Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед синоќа славеше над Милан и со тоа помина во следната фаза од натпреварувањето.
На првиот натпревар од овие двајца великани одигран минатата недела на „Олд Трафорд“, резултатот гласеше 1:1, па „росонерите“ имаа мала предност пред реваншот, која не знаеја како да ја искористат.
Пол Погба влезе во игра на полувреме, а само три минути подоцна постигна гол, што ќе се покаже како решавачки.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е инаку познат како лош губитник, а тоа го докажа и синоќа.
Имено, по мечот, камерите го снимија во моментот кога тој го пцуеше неговиот колега од другата страна, Оле Гунар Солскјер, откако му рече дека „Милан е навистина добар тим“.
Очигледно, Италијанецот ја разбрал прозивката, по што го ‘почестил’ со пцуење упатено до неговата сестра.
“Добар тим, ***? Ти си магаре! Твојата сестра е добар тим, сестра ти!”, Извика Пиоли
https://twitter.com/i/status/1372689784553025540