Милан синоќа славеше победа против Аталанта (3:2), во рамки од 7. коло во Серија А.
Тренерот на „росониерите“, Стефано Пиоли посочи дека Милан напредува и дека треба да продолжат во тој дух.
„Милан одигра одлично – со соодветен интензитет, енергија и квалитет. Ова е одличен крај на серијата тешки натпревари. Милан напредува и во Лигата на шампионите и во Серија А, затоа треба да продолжиме во тој дух. Аталанта отсекогаш ни давала големи проблеми. Играат добро на ниво на врвна екипа, така што имајќи можност да играме со нив на исто ниво и да ги победиме, навистина напредуваме“, истакна Пиоли за „Фудбал Италија“.
Милан со 19 бода е на второто место во поредокот во Серија А, Аталанта е на осмата позиција со 11 бодови.