ФУДБАЛ

Пиоли на маки, тимската ѕвезда го пропушта натпреварот против Лацио

Вечерва во 20:45 Милан на „Сан Сиро’ ќе го пречека Лацио, при што „Росонерите“ ќе се обидоа да ја задржат формата по победата од 1:0 над Спал.

Херојот на натпреварот против Спал, Сусо, кој го постигна победничкиот гол, ќе недостасува на денешниот натпревар. Сусо поради повреда ќе го пропушти денешниот натпревар на „Сан Сиро“.

Тоа не е добра вест за Милан, кој веќе ќе треба да настапи без еден од клучните играчи. Заедно со Сусон, недостасува и Мусачио, кој беше повреден на последниот натпревар.