ФУДБАЛ

Пиоли: Не сум среќен поради натпреварот против Наполи

Стефано Пиоли, тренерот на Милан, истакнува дека не е воодушевен што неговиот тим ќе игра против Наполи во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Тимот од југот на Италија има блескава сезона. Моментално убедливо водат на табелата во Серија А и речиси сигурно ќе ја освојат титулата, а лесно го победија Ајнтрахт Франкфурт во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Искрено, не ми се допаѓа кога играм против екипи од Италија во европските натпреварувања. Наполи е одличен тим, полн со самодоверба. Ќе биде исклучително тешка задача“, вели Пиоли.

Милан практично ги загуби сите шанси да ја одбрани титулата освоена минатата година, но Пиоли не е задоволен од сезоната.

„Многу е тешко да се одбрани тронот. Ние сме млад тим и очигледно не е лесно. Искрено, што се однесува до мене, сезоната е успешна доколку и следната година ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Пиоли.

ПОВРЗАНО

Серија А