Милан го победи Наполи со минимален резултат во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Стефано Пиоли беше среќен и насмеан на прес-конференцијата.
„Веќе размислувам за реваншот, ќе биде одличен дуел и ќе се игра на високо ниво“, изјави Пиоли.
„Имавме многу технички грешки, исто како и Наполи. Наполи почна подобро, губевме премногу време на дриблинг и губевме топки, а тие беа агресивни“, додаде тренерот на Милан.
„Потоа се се промени… Жалам што не го искористивме играчот повеќе, моравме да бидеме побрзи, но задоволни сме од резултатот. Шансата за поминување е сеуште 50 проценти. Имаме уште еден натпревар за играње. Единствено жалам што не постигнавме втор гол“, заврши Пиоли.
Реваншот е во Неапол за осум дена.
