ФУДБАЛ

Пирло го објави својот дебитантски состав на клупата на Јувентус и веднаш ја изненади јавноста

Новата сезона играчите на Јувентус ќе ја започнат вечерва со натпревар на домашен терен против Сампдорија.

Старата дама овојпат влегува во сезоната како актуелен шампион на Италија, а мечот во Торино е во центарот на вниманието бидејќи Андреа Пирло вечерва ќе дебитира на клупата на Јувентус.

Натпреварот на стадионот „Алијанц“ се игра од 20:45 часот, а тренерите на двата тима ги открија почетните состави.

Пирло веднаш ги изненади сите вметнувајќи ги младите Вестон Мекени и Џанлука Фработа во почетниот состав.

Јувентус: Шчесни, Данило, Бонучи, Киелини, Квадрадо, Ремзи, Рабиот, Мекени, Фработа, Кулушевски, Роналдо.

Сампдорија: Аудеро, Берешински, Тонели, Колеј, Агудело, Депаоли, Торсби, Екдал, Лерис, Јанкто, Боназоли.