ФУДБАЛ

Пирло го остави Канаварo без зборови: „Освојувањето на Мундијал веќе не ги буди истите емоции, но Тоти …“

Легендарните италијански фудбалери Фабио Канаваро и Андреа Пирло ги воодушевија своите фанови со тоа што се вклучија на Инстаграм во живо.

Фудбалерите ширум светот се многу активни на социјалните мрежи додека се во изолација, а честопати можеме да ги видиме како се вклучуваат во живо на Инстаграм за да одговорат на прашањата на фановите.

Легендарните фудбалери Канаваро и Пирло решија да го направат истиот потег, и патем да разговараат по долго време. Една од темите беше Светското првенство во 2006 година кога станаа светски шампиони со Италија.

Канаваро призна дека е многу емотивен кога ќе види само фотографии од тој Мундијал, но од друга страна, за Пирло тоа не е баш така.

„Андреа, кога ќе ги погледнам сликите од Мундијалот во 2006 година, јас сум дури и повеќе емотивен отколку што бев тогаш“, рече Канаваро, а потоа Пирло изненади со својот одговор.

„Да, многу од тоа предизвикуваат емоции и за мене, но тој натпревар повеќе не буди емоции како порано. Пред неколку дена го гледав збогувањето на Франческо Тоти и почнав да плачам“.