ФУДБАЛ

Пирло ја отпиша големата sвезда на Јувентус: „Тој нема да учествува во нашиот проект“

Андреа Пирло стана нов тренер на Јувентус, и веднаш започна со составување на тимот за следната сезона.

Беше јасно дека некои играчи ќе добијат еднонасочно патување од Јувентус, но и дека некои засилувања ќе дојдат во клубот.

Пирло реши да се ослободи од една од ѕвездите, а тоа е Аргентинецот Гонзало Игуаин, а сето тоа го потврди тренерот на Јувентус.

“Заедно со Игуаин, решивме дека тој ќе го напушти клубот ова лето. Тој нема да учествува во нашиот проект и ние сме подготвени да го пуштиме да оди”, рече Пирло.

Оваа вест, како и повеќето други потврдени работи, ја пренесе италијанскиот новинар Фабрицио Романо, еден од најсигурните новинари во светот кога станува збор за трансферите.