Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло, во интервју за „Sky Sport“ зборуваше за сè по малку, а пред се го коментираше Јувентус и неговите шанси да стигнат до трофејот од Лигата на шампионите.
Пирло верува дека постојат пет екипи кои ќе се борат за титулата шампион на Европа, а таму не се споменува Реал Мадрид.
“Постојат четири или пет екипи кои ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите, а тука се наоѓа и Јувентус. Освен него тука се Ливерпул, Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Повеќе или помалку, тоа е тоа”, изјави Пирло, а новинари помеѓу другото го прашаа кој треба да изведува слободени удари во Јувентус.
Секако, во конкуренција се Пауло Дибала, Миралем Пјаниќ и Кристијано Роналдо.
“Роналдо, Пјаниќ или Дибала? Јуве сега има голем избор, сите тројца се добри изведувачи, но мислам дека на Пјаниќ и Дибала ќе му биде многу тешко, бидејќи приоритет е Роналдо”, изјави Пирло.