На Јувентус се чини дека му е доста од малку монотоно тактичко надмудрување и се одлучи за ултра напаѓачки стил на игра под водство на Андреа Пирло.
Кога тимот има резултатско заостанување, тогаш е нормално да има поголем број офанзивни играчи на теренот, но она што Пирло го замисли досега не е видено.
Имено, некогаш одличен фудбалер, а денес неискусен тренер размислува да игра со дури петмина екстремно напаѓачки играчи од почетокот на играта.
„Газета дело Спорт“ наведува дека со доведувањето на Федерико Кјеза, Пирло има намера да игра во формација 3-4-1-2, со пет играчи во напаѓачката линија во фазата на нападот.
Пирло планира да ги користи Кјеза и Куадрадо по страните истовремено, додека Роналдо, Дибала и Кулушевски би играле во средината на напаѓачката линија.
Како ќе изгледа ова ќе дознаеме во пракса по репрезентативната пауза кога Јувентус ќе игра против слабиот Кротоне.