Един Џеко многу лесно можеше да биде противник на Рома утре, но како капитен сепак ќе го предводи тимот на Рома во дуелот со Јувентус.
Џеко беше во последната фаза од преговорите со Јувентус во изминатите неколку дена, но конечен договор не беше постигнат, па Џеко остана таму каде што е веќе пет години.
Во најавата за дуелот, Андреа Пирло го коментираше Џеко и објасни со една реченица како пропадна трансферот на искусниот напаѓач во редовите на „бјанконерите“.
“Тој е играч на кој му се восхитуваме овие години. Можеше да стане играч на Јувентус, но преговорите немаа среќен крај. Тој останува одличен играч што ни се допаѓа”, рече тој.
Наместо Џеко, во своите редови Јувентус го доведе Алваро Мората, кој веднаш ја зеде „деветката“ која беше подготвена за Џеко.