ФУДБАЛ

Пирло за казната на УЕФА: Не сме оптеретени со тоа

Страстите околу Суперлигата сè уште не се смирени.

Тивката војна продолжува.

За тоа зборуваше и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, кој истакна дека не се плашат од УЕФА во Торино.

“Не се плашиме, смирени сме и фокусирани на она што треба да го сториме. Ова е наша работа и убедени сме дека ќе ги постигнеме своите цели. Ние сме смирени за тоа што ќе одлучи УЕФА”, рече Пирло.

Нема ништо од Суперлигата, а пласманот во Лигата на шампионите е императив за Јувентус.

 

„Атмосферата е позитивна, сакаме добро да ја завршиме годината.

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, заедно со Флорентино Перез, е главниот виновник за неуспешниот бунт на најбогатите европски клубови кои се борат со долгови.

Претседателот на Јувентус и првиот човек на Реал Мадрид, заедно со уште 10 други претседатели на други клубови, ја започнаа Супер лигата, која доживеа тотално фијаско во период од 60 часа.

Идејата за ексклузивно и затворено натпреварување за околу 15 недопирливи клубови почина пред да оживее, а како што се очекуваше, Ањели беше најтешко погоден.

Многумина го осудуваат Ањели за неговиот потег, особено Александар Чеферин, кој го нарече лажго и змија, додека претседателите на другите клубови од Серија А не го штедат.

“Никогаш во животот не сум видел такви луѓе. Ањели е најголемото разочарување во мојот живот. Никогаш не сум сретнал личност што може да лаже толку многу, неверојатно е. Се слушнавме во саботата попладне и тој ми рече беше само гласина и немаше ништо. После тоа, тој ми рече дека ќе разговараме едни со други, а потоа го исклучи мобилниот телефон. Алчноста е очигледна, толку силна, што ги уништува сите човечки вредности”, рече Словенецот.

ПОВРЗАНО

Серија А