ФУДБАЛ

Пирло загуби еден од најдобрите играчи на почетокот на годината

Јувентус оваа сезона игра далеку под стандардот, а Андреа Пирло во никој случај не е во состојба да најде добитна комбинација за Серија А.

Старата дама ќе му гостува на Удинезе на првиот натпревар во 2021 година, а Пирло нема да може да смета на Алваро Мората.

Мората, кој е еден од најдобрите играчи на Јувентус оваа сезона, се пожали на проблеми во бутниот мускул и нема да игра против Удинезе.

Повредата на шпанскиот напаѓач доаѓа во лошо време за „бјанконерите“, бидејќи тие во јануари ќе имаат неколку важни натпревари, вклучително и дерби против Милан и Интер.

Мората веќе успеа да постигне десет гола досега во оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Серија А