Ѕбездата на репрезентацијата на БиХ, Миралем Пјаниќ деновиве е главна тема на светските медиуми поради потенцијалниот трансфер.
Одамна се шпекулира дека Пјаниќ би можел ова лето да ги напушти Бјанконерите, но работите сега станаа сериозни затоа што понудите на европските великани доаѓаат од сите страни.
Реномираниот „Мундо Депортиво“, кој инаку се занимава со многу прецизни и точни информации, известува дека Пјаниќ е во сериозни преговори со Барселона и дека Каталонците го убедиле да се пресели на „Камп Ноу“, но за навистина да го добие „малиот принц“, Каталонците ќе треба да го надминат потешкиот дел од операцијата. Да се постигне договор со Јувентус.
Најновите информации потврдуваат дека Пјаниќ сака да се пресели исклучиво во Барселона. Откако Челзи испадна од трката, Пјаниќ, наводно, ја отфрлил понудата на ПСЖ, чиј спортски директор Леонард ги разјасни своите планови.
„Пјаниќ сака да замине во Барселона. Тоа е одлуката што тој ја објави на Леонардо“, пишува шпанскиот весник.
Треба да се напомене дека Барселона му нуди на Пјаниќ подобри услови отколку што има во Торино. Наводно, станува збор за плата од осум милиони евра.
Останува да се види дали ќе се постигне договор меѓу клубовите на крајот.