ФУДБАЛ

Пјаниќ и Артур утре ќе имаат лекарски прегледи и тоа на исто место

Ова досега не беше пракса, но заради моменталната состојба и пандемијата на коронавирус, Артур Мело и Миралем Пјаниќ, наводно, утре ќе бидат подложени на лекарски прегледи во Торино.

По денешниот натпревар против Селта, Артур треба да лета од Барселона до Торино, а и Пјаниќ ќе биде таму, за да двајцата можат да поминат лекарски прегледи.

Што се однесува до Пјаниќ, бидејќи летовите од Италија кон Шпанија се уште се ограничени, тој ќе мора да помине лекарски преглед во Торино. Сè е договорено претходно, и двајцата ги прифатија условите на клубовите, а клубовите исто така најдоа меѓусебен договор за трансферот.

Тоа ќе биде директна размена на играчи од средниот ред, со тоа што Јувентус ќе плати на Барселона уште 10 милиони евра за 23-годишниот Бразилец.

Останатиот дел од сезоната ќе го работат во своите клубови, а после тоа ќе се преселат во редовите на Барселона и Јувентус, соодветно.

Патем, сите реномирани медиуми во Шпанија и Италија објавија денеска дека работата ќе биде официјално извршена најдоцна до вторник, 30 јуни.