Заминувањето на Дибала Juventus, ќе го направи славниот број 10 слободен на крајот од сезоната.
Неодамна беше објавено дека Дибала ги напушта „бјанконерите“ како слободен играч, па така најпрестижниот број на италијанскиот великан ќе остане празен.
Во Јувентус „десетkata“ има посебна вредност, а отсекогаш ја носеле најважните и најдобри играчи како Мишел Платини, Робертo Баџo и Алесандро Дел Пјеро.
Миралем Пјаниќ, кој исто така играше за Јуве и е врзан за торинскиот гигант, даде интересен предлог за следната сезона.
Една година не би дал никому „десетка“, прво некој треба да ја заслужи“, изјави Пјаниќ во интервју за Газета дело Спорт.
Од 1996 година, бројот 10 во Јувентус беше слободен веќе две сезони, во натпреварувачките 2012/2013 и 2016/2017 година.
Дел Пјеро на грб ја носеше десетката 16 години, потоа од 2013 до 2015 година Карлос Тевез и во сезоната 2015/2016 Пол Погба. Од 2017 година е во сопственост на Дибала.