Миралем Пјаниќ ова лето ги засили редовите на Барселона.
Повеќето се на мислење дека Пјаниќ не го направи најдобриот потег, затоа што оваа сезона оствари 20 настапи за Каталонците, а во повеќето од тие натпревари влезе од клупата за резервни играчи. Вкупно помина 919 минути на теренот.
Викендов се очекува Барселона да биде домаќин на Елче во рамките на 20-то коло во Примера, а за викендот беа поразени во финалето на Суперкупот од Билбао.
Пјаниќ синоќа објави интересен пост на Инстаграм. Тој го следеше натпреварот на неговиот поранешен клуб Јувентус во финалето на Суперкупот на Италија против Наполи, кој Јуве го доби со 1:0.

Многумина се на мислење дека Пјаниќ направил грешка со заминувањето во Барселона, со оглед на тоа дека тој беше еден од клучните играчи на Јувентус.