ФУДБАЛ

Пјаниќ: Оваа сезона одиме по трофејот од Лигата на шампионите

Миралем Пјаниќ е сигурен дека Јувентус оваа сезона може да ја освои Лигата на шампионите.

Додека трофеите во Италија се редат еден по друг, европскиот трофеј со години го заобиколува Торино иако старата дама редовно достигнува финале во Лигата на шампионите. Пјаниќ смета дека е време да се промени и тоа.

„Мислам дека оваа сезона ние сме едни од најголемите фаворити за трофејот од Лигата на шампионите, заедно со Барселона. Јас верувам дека овој тим може да дојде до крајот и да се постигне таа цел, бидејќи имаме голема желба да се дојде до тој трофеј“, изјави Пјаниќ, кој го најави претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед:

„Во среда ќе се сретнеме со Јунајтед и ако победиме, ќе се обезбеди првото место. Мора да ја повториме играта, како на Олд Трафорд, но Јунајтед не може да биде потценет. Ова е тим со многу квалитет кој има силна средна линија со Погба, Матиќ и Мата. Не заборавајте дека ги тренира, Жозе Мурињо, голем експерт.“

Масимилиано Алегри по последната победа против Каљари, истакна дека неговиот тим треба да го постигне повеќе голови, со што се согласи и Пјаниќ.

“Вистина е, треба побрзо да го решиме натпреварот. Се е полесно кога ја обезбедуваме победата на време, прилично тешко да се игра целосен натпревар со полна сила”, заклучи Пјаниќ.