Барселона вечерва потврди дека Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирус.
Пјаниќ беше тестиран вчера, и е во домашна изолација и се чувствува добро. Сепак, ова ги наруши плановите на Барселона затоа што ќе ја одложи презентацијата и бх. играчот од средниот ред ќе го пропушти и почетокот на подготовките.
Барселона потврди дека Пјаниќ ќе биде во изолација наредните 15 дена и дека нема да патува за Шпанија во тој период.
Но, Пјаниќ веднаш се огласи на Инстаграм и рече дека се чувствува добро, но и испрати јасна порака.
“За среќа, јас сум добро и асимптоматичен. Но, научив една работа, тоа е дека ништо не земаме здраво за готово, дури и за работите што ги сметаме рутински. Животот во кој живееме сега нè учи на тоа. Да ги следиме правилата и да внимаваме да не паничиме” напиша Пјаниќ.