Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ кој игра во средниот ред на Јувентус, истакна дека направил добар избор со трансферот во Јувентус и, дека овој клуб е клуб со победничка ДНК.
„Можев да се преселам во Јувентус две години порано. Но, тогаш ќе ми биде тешко да ја совладам конкуренцијата – Пирло, Погба, Видал … Така ми беше подобро да останам во Рома – во добар, силен тим, но не како Јувентус, таму имаше голема конкуренција. Тогаш (во 2016 година) си реков дека е време да влезам во светот на Јуве. Кога одите во соблекувалната и ги гледате имињата на легендите, разбирате дека ова е клуб со голема историја и победничка ДНК во сè. Овој клуб е совршен, победува затоа што работи понапорно од останатите“, изјави Пјаниќ.
Босанскиот играч се надева дека тимот ќе ја освои Лигата на шампионите.
„Задачата на Јувентус е да ја освои ЛШ. За ова, ќе ни треба и среќа и сите играчи да се во ред. Ние и уште 4-5 клуба сакаме да го земеме овој трофеј“, истакна Пјаниќ на Инстаграм.